(Видео) Ослабе најдебелото дете во светот

Арја Перман, кој со 192 килограми го држеше рекордот за најдебело дете во светот, ослабе 100 килограми, пренесуваат светските медиуми. Арја ги изгубил килограмите по операцијата, а неговата мајка вели дека држел строга диета која му ја препишале лекарите. Јадел само овошје и зеленчук.

Родителите пред две години решиле да побараат совет од лекарите затоа што биле загрижени за неговото здравје. Тогаш се согласиле да направи операција.

„Јадеше за двајца. Секогаш беше уморен и се жалеше дека тешко дише. Спиеше со часови и се бањаше во базенот. Немаше никакви активности“, изјави мајка му.

Таа објасни дека Арја не одел во училиште затоа што имал тешкотии со пешачењето. Ваквиот нездрав начин на живот довело да се здебели 192 килограми и да стане најтешкото дете во светот.

По совет на лекарите, Арја секој ден пешачи и тренира пливање. За четири месеци, изгубил девет килограми. Кога го оперирале, Арја имал 186 килограми, а месец дена подоцна ослабнал околу 20 килограми. Пред операцијата мајка му вели дека Арја се хранел нездраво. Голем дел од денот минал лежејќи и се бањал во мал базен во дворот.

Тој не одел во училиште затоа што имал потешкотии со пешачењето. Водел нездрав начин на живот и се здебели 192 килограми. Станал најтешкото дете во светот.

Мајка му вели дека тој и понатаму е гладен, но дека неговиот желудник не може повеќе да прими храна како пред операцијата. Денес Арја е полесен за 108 килограми, а го очекува и операција на затегнување на кожата.

Текстот (Видео) Ослабе најдебелото дете во светот е превземен од Reporter.mk.