(Видео) Парада на глупаво одење во Будимпешта

Повеќе од стотина Унгарци излегоа низ улиците на Будимпешта и се приклучија на парадата на глупаво одење. Со несекојдневни потези од британската комичарска грпуа Монти Пајтон голем број граѓани маршираа низ унгарската метропола по повод денот на шегата 1 април.

Парадата беше организирана од Бенедек Патрок, кој кажа дека настанот им овозможува на луѓето да заборават на секојдневните проблеми. Пред маршот сите учесници, меѓу кои имаше и млади и стари, се загреваа, марширајќи три круга во близина на метро станица во центарот на Будимпешта.

Текстот (Видео) Парада на глупаво одење во Будимпешта е превземен од Reporter.mk.