(Видео) Пари летаа од блиндирано возило среде автопат

На еден од патиштата во САД во близина на Њујорк, минатата недела се случиле голем број на сообраќајни незгоди, а причина биле парите кои излетале од блиндирано возило.

Полицијата примила голем број повици за незгодите на патиштата и веднаш реагирала. Таа побарала од сите оние кои земале дел од парите да ги вратат.

Голем број возачи кои се нашле на местото на настанот, ги оставиле возилата ѝ почнале да ги собираат расфрланите пари, а на видеото од снимките кои биле објавени на социјалните мрежи, се гледа блиндираното возило од каде летале парите. Луѓето еуфорично трчале на патот во обид да земат колку е можно повеќе пари.

Полицијата објави дека поголемиот дел од парите биле вратени, но не објави податоци колку од парите фалат.

Текстот (Видео) Пари летаа од блиндирано возило среде автопат е превземен од Reporter.mk.