(Видео) Патник го сними падот на авионот

На социјалните мрежи се појави снимка од пад на авион во Преторија, Јужна Африка.

Снимката ја направил еден од патниците од авионот додека тој паѓал и го прикажува ужасот што луѓето го доживеале додека ја гледале смртта во очи. Во оваа авионска несреќа, која се случила на 10 јули, загинало едно лице, а 20 луѓе се повредени.

Сè уште не се познати причините за несреќата. Патникот кој седел до прозорецот ги снимил последните моменти на летот, пред авионот да се сруши на земја. На снимката се гледа како леталото се тресе, а потоа од еден од моторите излегува оган.

„Ова е лошо, многу лошо“, се слуша машки глас на снимката.

Додека авионот паѓа, на снимката се гледаат сè поголем број куќи. Потоа се слуша експлозија и настанува целосен мрак.

По неколку секунди бучава и мрак, се слушаат гласови на луѓето кои го преживеале страшниот пад. Авионот се запалил при падот, а пожарникарите успеале да го изгасат на време.

Текстот (Видео) Патник го сними падот на авионот е превземен од Reporter.mk.