(Видео) Пензионерка во живо раскажа за сексот со својот 35-годишен дечко

Водителите на британското шоу „This Morning” Холи Вилоги и Филип Скорфилд не можеле да престанат да се смеат откако ја слушнале необичната љубовна приказна на пензионерката Ирис Џоунс, која има 80 години.

Бабата пред камерите раскажала како се заљубила во своето 45 години помладо момче Мухамед Ахмед Ибрахим од Каиро, кој го запознала на „Фејсбук“. Додека ја прашувале пензионерката за нејзините навики во кревет, водителите не биле подготвени за експлицитни описи од Ирис.

„Првата ноќ беше прилично груба. Не сум била со некого 35 години, верував дека повторно станав девица“, започнала бабата, на што Скофил реагирал ставајќи ги рацете на лице. Потоа станало уште поурнебесно.

„Смеам ли да ви кажам што користевме? Користевме цела туба лубрикант“, додала Ирис, па продолжила.

„Работата е во тоа што утредента не можев да одам. Се чувствував како да сум јавала коњ без седло. Сепак, го пребродевме тоа“, рекла виталната 80-годишна жена, но истакнала дека нејзината врска со младото момче не се заснова само на секс.

Текстот (Видео) Пензионерка во живо раскажа за сексот со својот 35-годишен дечко е превземен од Reporter.mk.