(Видео) По грешка стиснала на гаста, жена во „мерцедес“ заврши во река

Постара госпоѓа од Њу Џерси и нејзиниот 27 годишен сопатник, заврши во река со својот „мерцедес“, откако по грешка, место на педалата за кочница, ја стиснала гаста.

Жената имала потешкотии околу паркирањето на местото за паркинг на една пералница за автомобили, кој се наоѓал покрај реката.

За среќа водата во тој дел била плитка и возилото само делумно потонало, па жената и нејзиниот сопатник со асистенција на еден од минувачите, кој скокнал веднаш во реката, биле извлечени неповредени.

Текстот (Видео) По грешка стиснала на гаста, жена во „мерцедес“ заврши во река е превземен од Reporter.mk.