(Видео) По пожарите, делови на Австралија погодени од силен град

Само неколку дена по песочната бура на југоистокот во Австралија бил забележан силен град со големина на топки за голф, пренесуваат тамошните медиуми. Тамошните служби велат дека природните аномалии и понатаму ја напаѓаат земјата. Прво почнало со пожарите, а потоа биле забележани големи дождови.

Силните врнежи на град оштетиле многу автомобили и куќи. Предизвикана е голема материјална штета, а забележани се и кршење на гранките на голем број дрвја.

Телевизијата „7њуз“, прецизирала дека силниот град е забележан во Нов Јужен Велс. Во изминатите 24 часа , се јавиле повеќе од 1500 луѓе за помош од спасувачките служби. Ден претходно оваа држава била погодена од песочна бура со брзина на ветер до 100 километри на час.

Телевизијата пренесе дека истовремено во државите Викторија, Јужна Австралија и Тасманија, продолжува борбата со шумските пожари.

Текстот (Видео) По пожарите, делови на Австралија погодени од силен град е превземен од Reporter.mk.