(Видео) По само еден ден се расипа најбрзиот воз во Индија, одговоните велат удрил во крава

Само еден откако бил пуштен во употреба, она што требаше да претставува најбрз воз во Индија, сè расипал. Возот претходно го претстав премиерот на земјата Нарендра Моди.

Се работи за полубрз воз на компанијата Vande Barat Expres, кој се враќал од Варансија во Дели. На неговото прво патување, наводно му заглавиле кочниците на вагонот.

Портпаролот на железницата за индиските медиуми изјавил дека е можно возот некаде на пат налетал на говедо, пишува „Би-Би-Си“.

На трасата на која се движел, во еден момент возот достигнал брзина од 180 километри на час. Набрзо откако кочниците откажале, возачите забележале дим во последните четири вагони, а потоа сите вагони останале без струја. Во возот воглавно сите биле вработени државни службеници и новинари. Сите морале да преминат во другиот воз за да се вратат во Длехи.

Иако од железничката станица изјавиле дека возот наверојатно удрил во крава, телевизијата NDTV тврди дека немало штета и вдлабнатина на предната страна на возот.

Овој воз со комерцијалното возење требало да почне во неделата. Се очекува до тогаш дефектот биде најден и поправен. Идејата за полубрзиот воз била да се скрати патувањето меѓу Делхи и Варансија, за дури шест часа.

Текстот (Видео) По само еден ден се расипа најбрзиот воз во Индија, одговоните велат удрил во крава е превземен од Reporter.mk.