(Видео) Полицајци од Њујорк клекнаа пред демонстрантите

Неколку полицајци од Њујорк и округот Флинт во Мичиген, клекнаа на улицата пред демонстрантите кои протестираат поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, со желба да искажат солидарност и да покажат дека не се за насилство. Со нив клекнаа и неколку мирни демонстранти на тротоарот и му одадоа почит на починатиот.

На снимката која е објавена на социјалните мрежи, можат да се слушнат извици од собраните како им изразуваат благодарност на полицијата, пренесува „Си-ен-ен“.

Демонстрантите потоа ја опкружија полицијата и клекнаа заедно со нив. Еден од демонстрантите потоа на глас ги изговори имињата и на други починати афроамериканци.

Пред демонстрантите клекна и шефот на округот Флинт во Мичиген, кој пред нив излезе без оклоп и оружје.

„Јас и моите луѓе ве сакаме“, им порача на тој на групата собрани демонстранти.

Текстот (Видео) Полицајци од Њујорк клекнаа пред демонстрантите е превземен од Reporter.mk.