(Видео) Попови се возеа низ Велес и Кавадарци, „го бркаа“ коронавирусот

Попови качени на камиони, денес со крстена вода прскаа по улиците на Велес и Кавадарци за да го избркаат коронавирусот. Во Кавадарци се читаше и молитва „за Бог да помогне и да го исчисти вирусот и сите неволји околу нас“, рекоа свештениците од кавадаречките цркви „Света Петка“ и „Свети Димитрија“ и ваташката црква.

Видеата од поповите што читаат молитва и прскаат со крстена вода се споделуваат и на социјалните мрежи. Некои коментираат дека во „вака тешко време треба да пробаме сè за да се спасиме“, а други ја тераат работата на шега, па велат дека треба „цела држава вака да се дезинфицира.“

"Дезинфекција на ниво"Is this real life?

Posted by Jana Spasovska on Среда, 25 март 2020

Свештениците од кавадаречките храмови со литургија против корона вирусот

Posted by КТВ-телевизија on Среда, 25 март 2020

 

Текстот (Видео) Попови се возеа низ Велес и Кавадарци, „го бркаа“ коронавирусот е превземен од Reporter.mk.