(Видео) Пред 15 години е објавено првото видео на Јутјуб, трае само 18 секунди

Денес речиси и да нема ден, а да не отвориме YouTube. Ама знаевте кое е првото поставено видео воопшто? На денешен ден, 23 април, пред точно 15 години, во 15 часот и 31 минута е поставено видеото Me at the zoo, а на него е основачот на YouTube – Jawed Karim.

Снимано е во зоолошката градина во Сан Диего, а зад камерите е пријател на Jawed.

Видеото трае само 18 секунди и на него Jawed вели: „Се наоѓам пред слоновите, кул работа кај нив е што имаат вистински долги сурли и тоа е баш кул. И тоа е тоа отприлика што имам да кажам.“

Видеото досега има 90 милиони прегледи.

Текстот (Видео) Пред 15 години е објавено првото видео на Јутјуб, трае само 18 секунди е превземен од Reporter.mk.