(Видео) Пресметка на рапери на аеродром

Познати француски рапери Буба и Карис направиле хаос на аеродром во Париз. Двајцата пред очите на голем број патници физички се пресметаа. Еден од минувачите тепачката ја сними на со камера.

Настанал хаос во западниот терминал во салата 1, а дошло и до одложување на летовите.

Како што пренесуваат некои од сведоците, тепачката на двајцата рапери започнала во „фри шоп“, а потоа истата се проширила и на другите делови од тој терминал. Тепачката била толку жестока, што на подот биле забележани и траги од крв.

Откако страстите се смириле, раперите и нивните придружници биле приведени по интервенцијата на службите на редот. Против нив ќе бидат подигнати обвиненија, јавуваат француските медиуми.

 

Текстот (Видео) Пресметка на рапери на аеродром е превземен од Reporter.mk.