(Видео) Протестант сè фрли пред колата на британската премиерка Тереза Меј

Еден од учесниците на протестите против Брегзит во Брисел се фрли пред конвојот автомобили во кој се наоѓаше и британската премиерка Тереза Меј.

Станува збор за лицето Марк Џонстон, кој се фрлил на улицата пред автомобилот на британската премиерка, која требала да стигне на состанокот за дополнителните преговори со ЕУ за брегзит.

„Дали сте подготвени да ве прегазат поради брегзит?“, го прашал новинарот Џонстон, кој по краткото туркање со припадниците на обезбедувањето на премиерката, бил тргнат од улицата.

Британската премиерка Тереза Меј се надева дека ќе обезбеди отстапки од ЕУ во врска со ирскиот проблем кој во повеќе наврати ги попречуваше преговорите и беше закана за раководството на Меј, во неколку наврати.

Текстот (Видео) Протестант сè фрли пред колата на британската премиерка Тереза Меј е превземен од Reporter.mk.