(Видео) Путин и Буш танцуваат во Сочи

Властите во Кремљ објавија снимка од Владимир Путин и Џорџ Буш како танцуваат во Сочи, по повод 20 години од доаѓањето на рускиот претседател на власт. На една од снимките од 2008 година, Путин и поранешниот американски претседател танцуваат на традиционална руска музика.

Буш бил во посета на Сочи откако ги поттикна претходно Грузија и Украина да им се приклучат во НАТО пактот на самитот на западниот воен блок во 2008 година.

Кога двајцата се запознале во 2001 година, Буш изјавил дека ја разбира душата на Путин, а потоа рускиот претседател беше во посета на неговиот имот во Тексас.

Во Сочи двајцата се сретнаа за последен пат како претседатели, откако Путин месец дена претходно стана премиер, а Буш следната година беше заменет од Барак Обама.

Текстот (Видео) Путин и Буш танцуваат во Сочи е превземен од Reporter.mk.