(Видео) Рапер излезе на сцена со отсечена глава на Борис Џонсон

Британскиот рапер Слоутај направи брутален испад во својот настап. Тој ја поздрави публиката на неговиот концерт во „Ивентим Аполо“, Лондон, кога на сцената излезе со лажна глава на премиерот Борис Џонсон.

Музичарот подоцна ја објави својата слика на својот профил на Инстаграм, облечен во маица со навредливи зборови до Џонсон, пишува The Sun.

Следниот ден, неговите обожаватели и медиуми од Островот го изразија својот гнев на социјалните мрежи за грдото дело на музичарот.

Еден обожавател напиша: „Ова е навистина глупаво и опасно“. Друг додаде: „Тој веројатно смета дека помага на овој начин, но јасно не може да разбере дека ова е страшно. Едноставно ужасно! “

Текстот (Видео) Рапер излезе на сцена со отсечена глава на Борис Џонсон е превземен од Reporter.mk.