(Видео) Рој пчели ги нападнаа Њујорчани

Граѓаните на Њујорк беа нападнати од рој пчели. Полицијата беше принудена да затвори дел од улиците во центарот на американскиот град. Околу 40.000 пчели прво ги преплавија шантдовите на кои се продаваше хот дог, а потоа и минувачите кои се најдоа во близина на центарот „Тајмс Сквер“.

Службите во јавноста излегоа со соопштение дека инсектите веројатно биле сместени во кошница на кров на висококатница во Менхетен и поради големите горештини, спасот го побарале низ улиците.

Оваа необична слика привлече големо внимание кај минувачите, кои во тоа време се затекоа во нивна близина, пренесува „Индипендент“.

На лице место се појавија службите, кои со заштитни одела и посебни уреди во налик на правосмукалки, во рок од еден час пчелите ги изнесоа надвор од островот „Лонг Ајленд“.

Текстот (Видео) Рој пчели ги нападнаа Њујорчани е превземен од Reporter.mk.