(Видео) Руска берберница каде косата ви ја мијат со шампањ

Руска берберница на своите клиенти им нуди вистинско пенливо искуство. Место со шампон, во оваа берберница косата се мие со шампањ. Еден од берберите вработени во салонот, Вилен Кнудавердјан објаснува како тие дошле до оваа идеја.

„Еден наш колега во салонот ја изми косата со шампањ. Така ние се решивме за прошталната журка на нашата менаџерка да направиме вакво нешто слично за да видиме какви резултати ќе добиеме. Како косата ќе изгледа по миењето зависи се разбира од марката на шамањот. Колку е производот поскап, толку косата ќе биде подобра. На ваков третман воглавно се одлучуваат гостите кои ќе дојдат за прв пат во нашиот салон. Љубопитни се и сакаат да пробаат. Во секој случај, само еден клиент се одлучил на ваков третман да го направи два пати. Планираме да експериментираме и со други алкохолни пијалоци. Размислуваме во понудата да ставиме нешто традиционално. На пример руска водтка. Да видиме како ќе испадне. Има нешто посебно во тоа. Најверојатно ќе уфрлиме и разни видови на пиво. Зошто да не? Таман да видиме како тоа ќе влијае на косата“, вели Вилен.

Текстот (Видео) Руска берберница каде косата ви ја мијат со шампањ е превземен од Reporter.mk.