(Видео) Се превртел автобус со патници од Белград, има и загинати

Во сообраќајна несреќа кај местото Невесине, две лица загинаа, а повеќемина се повредени, откако автобус кој носел патници од Белград, се превртел, соопштиле полициските служби.

Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 8 часот на магистралниот пат кај Невесине, а се претпоставува дека автобусот се превртел поради густата мага и лошата видливост.

Неколкумина повредени веднаш биле префрлени во блиската болница, додека една жена која била потешко повредена била пренесена во болница во Мостар.

Во автобусот имало околу 20 патници, а во прашање возило на фирмата „Глобтур“, кое сообраќало на релација Белград – Мостар.

Патиштата покриени со снег во Србија им предизвикаа големи главоболки на голем број на возачи. На завеаниот пат Зрењанин – Лазарево, голем број на камиони на мало растојание беа заглавени во снегот.

 

View this post on Instagram

 

@ilovezrenjanin Zimske čarolije ❄

A post shared by Marko Pejic (@marko_pejic) on

Падавините и лизгалиштата направија големи проблеми за сообраќајот на овој дел од патиштата, а најлошо минаа теретните возила.

Еден корисник на Инстаграм забележал сцена од својот патнички автомобил, каде на секој метар од двете страни стојат по еден автобус или камион.

И на автопатот кај Сирига, ноќеска била критична состојбата, а била започната и акција за извлекување на камион кој бил заглавен во снегот.

 

Ниту во главниот град Белград, ситуацијата не е ништо подобра. Утрово во различни делови на градот биле блокирани илици, а претешкиот снег предизвикал и кршење на гранките на дрвата со што настанало оштетување на неколку автомобили и огради. За среќа нема повредени лица. Белград 24 часа е под постојана снежна покривка.

 

Текстот (Видео) Се превртел автобус со патници од Белград, има и загинати е превземен од Reporter.mk.