(Видео) Сентиментална божиќна реклама: Еволуција на врската мајка-син спакувана во црвен дуксер

Започнува сезоната на божиќните реклами. Со сентиментална реклама, Gap ги допира срцата на родителите. Видеото ја следи еволуцијата на врската на една мајка и нејзиниот син, а константа во приказната е дуксер.

На почетокот на видеото, мајката ја кине етикетата од дуксерот додека нејзиниот син трча за да се качи на школскиот автобус. Како што тој расте, така црвениот дуксер го следи низ тинејџерските години, дури и во моменти на љубовна среќа и тага. Кога заминува на факултет, дуксерот останува во неговата спална соба.

Текстот (Видео) Сентиментална божиќна реклама: Еволуција на врската мајка-син спакувана во црвен дуксер е превземен од Reporter.mk.