(Видео) Шпансиот крал ги дочека светските шампиони

Шпанскиот крал Фелипе Шести заедно со илјадници навивачи од земјата, во Мадрид ги кошаркарите на „црвената фурија“ и новите светски шампиони.

Репрезентативците на приемот во кралската палата му го покажаа трофејот на кралот Фелипе и кралицата Летиција, а капитенот Руди Фернандес му ја позајми својата медалја и му ја стави околу вратот.

Шпанските кошаркари потоа во отворениот автобус минаа низ улиците на Мадрид и заминаа на дочекот, каде ги поздравија илјадниците фанови и навивачи, а Марк Гасол им ја исполни желбата на повеќето од нив и се почести со лименка пиво. Шпанија во неделата го освои Светското првенство во Кина, со победата над Аргентина од 95:75.

Ова е втора титула на Шпанија како светскиот шампион, по освоената во 2006 година. Шпанските медиуми пренесоа дека неделното финале од Светското првенство бил најгледан натпревар во историјата на Шпанија.

Текстот (Видео) Шпансиот крал ги дочека светските шампиони е превземен од Reporter.mk.