(Видео) Шумадинац тверка како Станија

Српскиот пејач Зоран Шумиданац се појави на „Јутјуб“ со песната „Аутотјун“. Во одело на професор и кравата, тој го изведува својот хит на сцената за време на една од новогодишните програми на српските телевизии.

„Ме вика Европа, ме вика цел свет, а јас правам преокрет а јас правам преокрет. Кога ќе уклучам аутотјун дигне се прашина, сите ме зову, траже ме, а ти се правиш фина“, пее Шумиданац.
Пејачот веднаш стана мета на потсмев кај фејсбук корисниците.

„Врв ми беше тверкањето на Зоран. Некои српски телевизии треба да го бомбардираат НАТО превентивно. Име и презиме на докторот кој го пуштил надвор од установа. Па ова не е нормално“, се само дел од коментарите на споделеното видео од настапот на Шумадинац.

 

Текстот (Видео) Шумадинац тверка како Станија е превземен од Reporter.mk.