(Видео) Скандал во парламентот, британски пратеник го зеде церемонијалниот боздоган

Во британскиот парламент се случи скандал без преседан кога пратеникот на лабуристите, Лојд Расел, го зеде церемонијалниот боздоган ѝ оневозможи пратениците да гласаат и одлучуваат за брегзит.

И покрај гласното негодување на колегите, пратеникот Расел, го зема церемонијалниот буздован, кој претставува симбол на британската кралица и нејзината власт, а без него, парламентот не е во можност да заседава.

Британските медиуми пренесуваат дека премиерката Тереза Меј морала да го откаже гласањето во парламентот, стравувајќи дека не може да ја добие потребната поддршка за договорот за излегување на земјата од Европската унија.

Текстот (Видео) Скандал во парламентот, британски пратеник го зеде церемонијалниот боздоган е превземен од Reporter.mk.