(Видео) Слеп татко го носел на рамења синот инвалид, да го спаси од ураганот Доријан

Слеп човек од Бахамите успеал да го спаси синот инвалид од налетот на силната бура Доријан. Брент Лав го носел на рамења својот 24 годишен син кој боледувал од церебрална парализа и кој не можел да се движи.

Брент го носел синот низ водата која била длабока и достигнала сè до неговата брада. Американецот ослепел пред 11 години, а со својот син на рамења барал безбедно место каде можат да се заштитат од надојдената вода.

„Како дождот паѓаше, бев свесен дека морав да реагирам. Го качив син ми на рамења и тргнав. Водата стигаше до мојата брада“, се присетува Брент.

Кога невремето го уништил кровот, Брент заедно со синот, роднините и комшиите се засолнил во купатилото. Таму останале сè до моментот кога не биле приморани да ја напуштат куќата.

„Бев исплашен, не можев да верувам дека е толку длабоко. Очекував водата да ми биде до колена. Кога почнав да одам, сватив дека ќе морам да пливам за да се извлечам“, вели Брент.

Тој морал да го носи синот пет минути низ водата, се додека не стигнале комшиите од куќата, а потоа чекале да ги однесат на сигурно. Откако биле евакуирани, грижата за синот ја превземала сестрата на Брент.

Тој до ден денес нема информации за тоа што се случило со неговата најстара ќерка. По прекинот на телефонските линии тој не успеал да стапи во контакт со неа.

По силната бура Брент, како и голем број други на Бахамите, останал без својот дом. Ураганот Доријан на островите уништил и над 95% од куќите.

Текстот (Видео) Слеп татко го носел на рамења синот инвалид, да го спаси од ураганот Доријан е превземен од Reporter.mk.