(Видео) Солзи и смеа на погреб – Ирец ги изненади семејството и пријателите додека го погребуваа

Ирец смислил оригинална идеја како да ги расположи неговите најблиски роднини и пријатели за време на неговиот погреб. Негов близок пријател во ковчегот ставил касетофон, а на снимката покојникот го снимил својот глас и звук на тропање во дрво. Тој се снимил како вика дека е жив и бара да го извлечат надвор.

„Ало, каде сум јас!“, „Има ли некој!“, „Пуштете ме од тука!“, се слушал гласот на Ирецот од ковчегот, додека пријателите и семејството низ солзи и смеа се простуваа од него.

Присутните на почетокот биле изненадени, но подоцна ја разбрале шегата. Тие за нивниот покоен пријател велат дека бил духовит човек и често знаел да се шегува со блиските.

 

Текстот (Видео) Солзи и смеа на погреб – Ирец ги изненади семејството и пријателите додека го погребуваа е превземен од Reporter.mk.