(Видео) Среде Рим се отвори голема дупка

Кај римскиот Пантеон, една од најдобро сочуваните монументални згради од антиката, среде улица се отворила голема дупка, пренесуваат светските медиуми. Дупката била длабока 2,5 мети, а долга 3 метри и во неа бил откриен дел од италијанската престолнина.

Дупката изненадувачки се појавила на многу популарно место меѓу туристите, а во меѓувреме е откриено дека под неа се крие античка патека. Пронајдени се 40 камени коцки.

За среќа, поголема штета е избегната, затоа што поради пандемијата со коронавирусот, на улицата немало туристи. Сепак, благодарение на дупката, граѓаните сега можат да видат како нивниот град изгледал пред новата ера.

Истражувачите велат дека знаеле за античките камења со години, но не се осудувале да почнат со ископување, затоа што можеле да ги оштетат. За првпат тие биле откриени во 90 години од минатиот век.

Изградени се од природен декоративен камен, кој се користел во древен Рим, од кој е изграден и прочуениот Колосеум.

Поради акумулацијата на песок и голем број ископувања, кои се наоѓаат ширум градот, земјата често се отвора, па така само минатата година биле забележани 100 дупки во престолнината на Италија, додека околу 20 биле во Неапол.

Текстот (Видео) Среде Рим се отвори голема дупка е превземен од Reporter.mk.