(Видео) Стогодишна баба мајстор за тетоважи

Во едно село на Филипините живее 101-годишнa баба која црта специјални тетоважи по што е популарна кај многу луѓе. Во текот на годината ја посетуваат стотици илјади туристи. Ванг Од изработува тетоважи во форма на кожа од змија, стоногалки и други необични мотиви. Таа црта со јаглен, додека за бојата да се пробие во кожата користи чекан од дрво од кафе. Таа тврди дека во минатото на Филипини се тетовирале само луѓето кои извршиле некакво убиство, па на тој начин општеството ги идентификувало. Бабата вели дека занаетот ѝ го предала на нејзината внука за традицијата да не исчезне.

Текстот (Видео) Стогодишна баба мајстор за тетоважи е превземен од Reporter.mk.