(Видео) Тајниот проект на Путин станува стварност, Русија создава нов „невидлив“ бомбардер

Русија работи на нов стелт бомбардер од шестата генерација, познат и како „Тајниот проект на Владимир Путин“.

На авионот кој ја носи ознаката PAK DA, односно „Проект 80“, работи Обединетата воздушна корпорација (која е составена од производителите на Микојан – МиГ, Иљушин, Сухој, Јаковлев и Туполев), а „невидливиот“ авион ќе се произведува во фабриката Туполев, пренесе агенцијата Тас.

Засега се знае малку за овој авион, освен дека станува збор за летало конструиурано по моделот на американскиот бомбардер Б-2 Спирит, но и дека е во прашање авион со намалена видливост за радарите (стелт), кој ќе може да носи големи количини различни видови ракети и бомби.

Руските дизајнери претходно изјавија дека тестирањето на новиот авион треба да биде завршено до крајот на 2026 година, а дека сериското производство би започнало една година подоцна.

Единствените познати технички детали за „Проектот 80“ се дека големиот бомбардер ќе биде дизајниран да може да прелета со 12.000 километри и дека ќе има носивост од борбен товар од дури 30 тони.

Текстот (Видео) Тајниот проект на Путин станува стварност, Русија создава нов „невидлив“ бомбардер е превземен од Reporter.mk.