(Видео) Таксист тепа гола жена на улица во Скопје

Денеска на социјалните мрежи се споделува видео на кое таксист тепа гола жена на раскрсницата меѓу МРТ и хотел „Континентал“. На видеото се гледа како жената пробува да ги скрши бришачите на такси-возилото, а мажот дотрчува до неа и ја турка, па таа паѓа на улица. По ова мажот пак седнува во автомобилот и си оди.

Засега не се знае причината за инцидентот, а на „Твитер“, каде што е споделено видеото, се коментира дека е мизерно што никој не ѝ помогна на жената што лежи повредена среде улица.

Текстот (Видео) Таксист тепа гола жена на улица во Скопје е превземен од Reporter.mk.