(Видео) Таткото на Борис Џонсон сака да стане француски државјанин

Стенли Џонсон, таткото на британскиот премиер, Борис Џонсон, поднесе барање за француски пасош за да продолжи да ги одржува врските со Европа по брегзит, пишува „Индепендент“. Член на семејството, пак, за „Сандеј тајмс“ изјавил дека тој поднел барање за пасош за неговите внуци да можат да живеат и работат во ЕУ по брегзит.

Стенли Џонсон гласаше Британија да остане во ЕУ на референдумот, па сега сака да стане француски државјанин бидејќи неговата мајка Ирина е родена во Версај, а баба му во Париз. Ова го откри сестрата на премиерот, Рејчел, во нејзината нова книга Rake’s Progress.

„Ова е добра вест – би можела да станам и Французинка“, рекла сестрата на премиерот.

Текстот (Видео) Таткото на Борис Џонсон сака да стане француски државјанин е превземен од Reporter.mk.