(Видео) „Титаник 2“ ќе заплови во 2022 година, ќе го повтори историското патување

Бордот реплика на „Титаник“ ќе биде пуштен во 2022. година во употреба и ќе го повтори историското патување од Велика Британија до САД, пловидба која никогаш не ја заврши  егендарниот претходник.

Творецот на „Титаник 2“ е компанијата „Блу Стар Лајн“ во сопствеништво на бизнисменот Клајв Палмер. Работата од 2012. година беше сопрена во 2015. кога компанијата се соочи со финансиски проблеми, но минатиот месец истата беше обновена.

Новиот Титаник, чија изградба чинела околу 500 милиони долари, ќе има капацитет за 2.400 патници и 900 членови на екипажот.Бродот ќе биде класифициран како луксузен, исто како оригиналот и ќе има ист распоред на кабините, со тоа што ќе содржи технологија од 21. век.

За потсетување, оригиналниот Титаник потона на 15. април, 1912. година, откако удри во ледениот брег, само четири дена откако испловил. Се удавија повеќе од 1.500 луѓе во несреќата.

Текстот (Видео) „Титаник 2“ ќе заплови во 2022 година, ќе го повтори историското патување е превземен од Reporter.mk.