(Видео) Трамп на мака, го згреши протоколот со кралицата Елизабета

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се сретна со британската кралица Елизабета Втора во замокот Видзор во Лондон и двапати го згреши протоколот, пишува „Индепендент“. Додека поминуваа пред гардата, Трамп се збуни, па направи неколку чекори пред кралицата, застана во место, ѝ го препрели патот, па таа мораше да избира од која страна ќе застане.

Претходно Доналд и неговата сопруга Меланија Трамп, го прекршија протоколот бидејќи ѝ пружија рака на кралицата за да се подрават. Според кралските обичаи, пред кралицата треба благо да се поклонат, а да се поздрават само ако кралицата прва им пружи рака.