(Видео) Туристи од тераса скокаат во базен

Неколку туристи во Шпанија се уапсени, откако и покрај предупредувањето на обезбедувањето во хотелот во кој престојувале скокнале од тераса од вториот кат во базен.

Видеото што се појави на социјалните мрежи е снимено во Мајорка. Откако момчињата биле уапсени, им бил забранет влез во хотелот. Менаџерот одби да ја открие нивната националност или дали биле пијани.

Полицијата во Шпанија неодамна утврдила казни од 100 до 750 евра за ваков тип прекршоци.

Текстот (Видео) Туристи од тераса скокаат во базен е превземен од Reporter.mk.