(Видео) Велешанка Виолета е опеана во евровизиската песна на Белгија

Филип Лафонтен e  светски музичар кој кој е познат и на светската музичка сцена, како наградуван музичар во Белгија, Франција и Канада. Ама ретко кој зне дека тој 5-ти мај во 1990-тата година во Загреб,  ја претставуваше неговата држава Белгија со песната „Мојата Македонка“ (Macédomienne), посветена на неговата сопруга Виолета, која е од Велес, со која тие имаат неколку деца.

Уште поинтересен е фактот што само оваа негова песна е комерцијализирана, бидејќи како што стои во неговата биографија, песната е отпеана со љубов а љубовта нема цена. Тој подарил само 500 примероци од песната на радио и тв-куќите.

Лафонтен вчера го прослави  својот 65-ти роденден, и воедно одбележува јубелејни 30 години од постоењето на „Мојата Македонка“ – песна која тогаш ги освои срцата на евровизиската публика.

Текстот (Видео) Велешанка Виолета е опеана во евровизиската песна на Белгија е превземен од Reporter.mk.