(Видео) Виена по пети пат има најубава Зоолошка во Европа

Зоолошката градина во Виена “Шонбрун“ по петти пат е избрана за најдобра во Европа. Признанието “Best European Zoo Award” го доби директорката на градината Дагмар Шратер од страна на британскиот стручњак Антони Шаридан кој оцени 126 зоолошки градини во 29 европски држави. Изборот беше направен според 40 критеруми поделени во три категории, прилагодливост на посетителите, наука заштита на приридата и на животинските врсти, и стопанскиот фактор. Виенската зоолошка освои 243 бода од можните 280 и се најде пред ЗОО -градините во Лајпциг и Цирих.
Инаку, Зоолошката градина во Виена е отворена во 1752 година, во внатрешноста на дворецот “Шонбрун“ и е најстарото живеалиште на животни во светот.

Текстот (Видео) Виена по пети пат има најубава Зоолошка во Европа е превземен од Reporter.mk.