(Видео) Вознемирувачка снимка од падот на хеликоптерот на претседателот на Лестер

Низ социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа падот на хеликоптерот на сопственикот на фудбалскиот премиерлигаш Лестер, Вичај Шривадханапраба.

Шривадханапраба загина во саботата по мечот на неговата екипа против Вест Хем.

Несреќата се случила набрзо по полетувањето од стадионот „Кинг пауер“ откако неговиот хеликоптер паднал на паркингот пред стадионот.

Со него загинаа и пилотот Ерик Свејфер и патниците Изабела Роза Леховиќ, како и помошниот персонал, Нурсара Скунами и Кавепорн Пунпаре.

Англиските медиуми стигнаа до снимка од безбедносните камери, каде се гледа моментот кога хеликоптерот паднал.

На неа се гледа како хеликоптерот полетува над стадионот, а потоа исчезнува од видокругот на камерата, а потоа вртоглаво паѓа.

Текстот (Видео) Вознемирувачка снимка од падот на хеликоптерот на претседателот на Лестер е превземен од Reporter.mk.