(Видео) Вучиќ му подари на Путин шарпланинец

Малиот шарпланинец Паша, е подарокот кој српскиот премиер Александар Вучиќ вчера му го подари на рускиот претседател Владимир Путин.

Тримесечното кученце е целосно исчистено и средено, за дочекот на неговиот нов стопан. Познато е дека Путин обожава кучиња и дека досега има добиено на подарок миленици од неколку државници.

Шарпланинецот Паша има и пасош со кој ќе патува за Москва.

„Кутрето има сериозно педигре од седум генерации. Станува збор за нашата најстара автохтона раса и познато е дека претседателот Путин сака токму такви раси“, изјави вчера извор од српското претседателство.

Паша има пасош со кој ќе отпатува за Русија, а во него се наведени сите најважни податоци за него, како, на пример, каде му е вграден чипот и кога е вакциниран.

Текстот (Видео) Вучиќ му подари на Путин шарпланинец е превземен од Reporter.mk.