(Видео) Замрзнаа водопадите на Нијагара

Делови од Нијагарините Водопади замрзнаа откако температурата во тој дел од Америка се намали на -25 степени, пренесуваат светските медиуми. Посетителите деновиве објавуваат слики и видеа од водопадите кои како да удираат во чист мраз.

„Сонцето се појави на околу 15 минути. Се смрзнав на -25 степени“, рекла за медиумите една жена која била на водопадите.

Метеролозите велат дека студеното време ќе продолжи до крајот на неделата, а дека температурите постојано ќе бидат околу -20 степени.

(Фото: ЕПА)

Текстот (Видео) Замрзнаа водопадите на Нијагара е превземен од Reporter.mk.