Викенд хороскоп за 1 и 2 декември

Овен

Извршувањето на работните задачи ќе ви одземе поголем дел од викендот, а слободно време ќе имате малку. Побарајте помош ако ви е потребна. Односите со партнерот ви се на добро ниво, особено ако е личност родена во вашиот знак.

Бик

Ќе имате многу контакти, средби и сето тоа целосно ќе делува врз вашато расположение. Ќе имате можност за некоја промена што со задоволство ќе ја прифатите надевајќи се на поголема заработувачка. И нема да згрешите.

Близнаци

Ќе ви излезат некои непланирани работи на професионален план. Тоа од вас ќе бара многу енергија и трпение. Но не очајувајте, ве очекува награда од претпоставените. Можни се некои помали финансиски издатоци. Што се однесува до љубовта се е во најдобар ред.

Рак

Ве очекува разврска на емотивното поле. Викендов е добар и за нови почетоци во љубовта, па соберете храброст и пријдете ѝ на личноста што ве привлекува. Искористете го викендот да се опуштите и да си посветите доволно време на себе.

Лав

Можностите за љубовен успех денес се исклучително поволни, само треба да најдете најдобар начин да ги искористите. Ако сте амбициозни и имате силна волја и јака дисциплина успехот ви е загарантиран. Со партнерот и пријателите добро ќе се разбирате.

Девица

Во љубовта ви се појавуваат проблеми. Доаѓате до една таква состојба во која не ќе можете да излезете на крај со обврските. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажете од нешто. Внимавајте на себе и на здравјето.

Вага

Контактите ви се подобруваат особено со некои подалечни членови на семејството. Сепак, бидете внимателни, оти ве очекуваат некои промени во блиската околина. Прифатете сè иако не ви се допаѓа, нема да зажалите.

Скорпија

Сентиментално сте расположени, пристапни не само за туѓи проблеми туку и за туѓите расположенија. Одбирајте поведри луѓе, смејте се и радувајте се бидејќи тоа е вистинскиот лек за вашата душа. Луѓето со негативна енергија одбегнувајте ги – само можат да ви наштетат.

Стрелец

Бидете што поотворени кон другите луѓе, особено кон оние кои многу ви се важни. Ако нешто не ве остава на мир или поради нешто сте нерасположени, сега е вистински момент да промените нешто. Ова е одличен викенд за проучување и самоанализа.

Јарец

Некоја деловна понуда многу ќе ве заинтересира, но одлуката ќе биде тешка. Енергијата ви е на ниско ниво, па затоа не се напрегајте премногу. Материјалната состојба нема да ве загрижува. Во љубовта бидете потолерантни ако сакате да ја сочувате.

Водолија

Би било идеално ако можете денска потполно да се посветите на работниот живот. Морате да заборавите на сè што ве измачува и потполно да ѝ се посветите на работата. Иако е викенд и на почеток нема да видите резулатати сепак издржете и не се разочарувајте.

Риби

Некои работи ќе ве прават доста немирни и ќе ви создаваат фрустрации, но ќе имате и причини за задоволство. Ќе имате добри контакти со важни луѓе, а некои ќе се обидат да ви помогнат, па затоа е многу важно да можете да ги препознаете добрите намери.

Текстот Викенд хороскоп за 1 и 2 декември е превземен од Reporter.mk.