Влегла меѓу ајкули да се слика за на „Инстаграм“

Моделот Катарина Заруцки била нападната од ајкула на Бахамите додека за  позирала како плива меѓу ајкули. 19-годишната студентка на својот инстаграм-профил има преку 13 000 следбеници и со нив споделува совети за здрав живот и мода, но и од бројните патувања. Таа, како што рекла во видеото по нападот, сакала да сподели со следбениците како е да плива со ајкули, оти овој тренд го забележала на многу објави на „Инстаграм“.

На страната на Exuma Online, која нуди можност за пливање со ајкули, прочитала дека тие се безопасни и дека не ги напаѓаат луѓето. Катарина не сакала да ја пропушти можноста да проба нешто ново, иако нејзиното момче било против тоа. Додека лежела на површината на водата, една акула ја гризнала за раката и ја повлекла под водата. Катарина вели дека останала смирена и брзо ја извлекла раката од водата од страв крвта да не ги привлече и останатите ајкули.

„Бев исплашена, ама знаев дека мора да сум мирна ако сакам да излезам жива“, рекла таа.