Внуката на Чарли Чаплин ќе снима документарен филм за својот дедо

Кармен, внуката на легендарниот комичар, Чарли Чаплин, ќе снима документарен филм за нејзиниот славен дедо. Филмот ќе се вика „Чарли Чаплин, човек на светот“ и ќе раскажува за етничките корени на актерот, режисерот и мајсторот на немата кинематографија.

Снимањето ќе започне во 2020 година, а во создавање на филмот учествуваат францускиот актер Стени Копе, Долорес Чаплин, уште една внука на глумецот, филмските компании „Канаки филимс“, „Атлантик пикчрс“ и хуманитарната организација „Вејв оф хјуманити“.

Кармен Чаплин

Кармен го пишува сценариото со Амаи Рамирез, која беше во тимот што работеше на филмот „Уште еден ден живот“. Планирано е да се комбинираат снимки од филмовите на Чаплин, интервјуа со неговите деца и колеги, како и анимирани фрагменти. Датумот на објавување на филмот засега е непознат.

Текстот Внуката на Чарли Чаплин ќе снима документарен филм за својот дедо е превземен од Reporter.mk.