Финска ги одбра најдобрите татковци за оваа година. Двајца од нив се самохрани родители. Финското министерство за социјална политика ги награди Хермај Хутијала, Петри Јакола и Јука Лагерблом за најдобри татковци за оваа 2019 година.
Хутијала е самохран татко од 2014 година. Неговата сопруга починала и тој останал сам да се грижи за своите четири деца. Јакола немал од кого да земе пример за добар татко. И покрај тоа што неговите родители биле алкохоличари, тој станал примерен татко на пет деца, изјавиле организаторите на свеченосота.
Наградата со двајцата ја сподели и Лагерблом, за кого се зборува дека е одличен пример за тоа како треба да се однесува еден татко кон своите деца.
Финска е единствената земја во светот во којашто, статистички, татковците на деца на училишна возраст минуваат повеќе време со нив од мајките, се наведува во извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Наградата е востановена во 2006 година, а вниманието е насочено, пред сè, кон татковците кои успеваат во воспоставуват рамнотежа меѓу работата и родителските обврски, како и мажите кои одгледуваат деца во тешки услови.
Текстот Во Финска одбрани најдобрите татковци на годината е превземен од Reporter.mk.