Во Финска одбрани најдобрите татковци на годината

Финска ги одбра најдобрите татковци за оваа година. Двајца од нив се самохрани родители. Финското министерство  за социјална политика ги награди Хермај Хутијала, Петри Јакола и Јука Лагерблом за најдобри татковци за оваа 2019 година.

Хутијала е самохран татко од 2014 година. Неговата сопруга починала и тој останал сам да се грижи за своите четири деца. Јакола немал од кого да земе пример за добар татко. И покрај тоа што неговите родители биле алкохоличари, тој станал примерен татко на пет деца, изјавиле организаторите на свеченосота.

Наградата со двајцата ја сподели и Лагерблом, за кого се зборува дека е одличен пример за тоа како треба да се однесува еден татко кон своите деца.

Финска е единствената земја во светот во којашто, статистички, татковците на деца на училишна возраст минуваат повеќе време со нив од мајките, се наведува во извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Наградата е востановена во 2006 година, а вниманието е насочено, пред сè, кон татковците кои успеваат во воспоставуват рамнотежа меѓу работата и родителските обврски, како и мажите кои одгледуваат деца во тешки услови.

Текстот Во Финска одбрани најдобрите татковци на годината е превземен од Reporter.mk.