Во Јапонија живеат преку 71.000 луѓе постари од сто години

Јапонија е земјата со најмногу луѓе постари од 100 години, преку 71.0000, пренесуваат светските медиуми. Првпат откако се води старосна статистика во земјата, бројот на луѓе што имаат над 100 години е 71.238. Дополнително, бројот на стогодишници се зголемува веќе 49 години по ред, се наведува во владиниот извештај. Бројот на стогодишници е зголемен за два процента во споредба од минатата година. Од вкупниот број луѓе постари од еден век, 88 проценти се жени, стои во извештајот на Министерството за здравство, труд и благосостојба.

Јапонија во 1963 година, кога почнала да се води статистиката, имала 153 стогодишници, а до денес тој број постојано се зголемува. Во 1998 година, во Јапонија имало над 10.000 стогодишници, а над 50.000 во 2012 година.

Според Гинисовата книга на рекорди во моментов најстарата личност во светот е Кане Танака (116), жителка на Фукуока во југозападна Јапонија.

Текстот Во Јапонија живеат преку 71.000 луѓе постари од сто години е превземен од Reporter.mk.