Во рестораните во Ханој се служи коронабургер

Хоанг Тунг, професионален готвач од Ханој, главниот град на Виетнам, се обидува да го крене духот кај луѓето со новиот коронабургер. Хамбургерот се служи со лисја од зелен чај, а лепчето е во облик на вирус.

„Има една шега – ако се плашиш од нешто, треба да го изедеш. Кога ќе гризнеш од сендвичот што личи на вирусот, повеќе нема да се плашиш од зараза. Така ги бодриме луѓето во време на пандемијата“, вели шеф Тунг, сопственик на пицаријата што се наоѓа во центарот на Ханој.

Ресторанот продава околу 50 коронабургери на ден.

 

Текстот Во рестораните во Ханој се служи коронабургер е превземен од Reporter.mk.