„Волшебникот од Оз“ највлијателен филм на сите времиња

Истражувачи од Италија го прогласија „Волшебникот од Оз“ за највлијателен филм на сите времиња. Истражувачите проучуваа преку 47.000 филмови од 26 различни жанрови и се обидоа да откријат кој филм е најзастапен во филмските референци, инспирацијата и сценаријата од филмската индустрија.

На нивната листа од 20 највлијателни филмови сосема случајно се најдоа филмови снимени пред 1980 година. Освен „Волшебникот од Оз“, на листата се најдоа и „Војна на ѕвездите“, „Граќанинот Кејн“, „Психо“, „Кинг Конг“, „Одисеја 2001“, „Франкенштајн“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Дракула“, „Казабланка“, „Однесено со виорот“ и други.

„Токму ова беше целта на нашето истражување на највлијателните филмови на сите времиња: да покажеме кои од нив се исклучително важни од историска гледна точка“, рекол Ливио Биољо, еден од авторите на истражувањето.

Текстот „Волшебникот од Оз“ највлијателен филм на сите времиња е превземен од Reporter.mk.