Возач ги исфрлил сите патници од автобус, оти не пуштиле инвалид да влезе прв

Анте Бонацин, возач на автобус во Сплит, решил да ги исфрли сите патници од својот автобус откако не му дале предност на момче со инвалиска количка да влезе пред нив во автобусот, пишуваат хрватските медиуми. Тој ја отворил средната врата, која има рампа за инвалидски колички, но останатите патници наместо да го пропуштат момчето, се туркале кој да влезе прв. Анте станал и ги натерал патниците да излезат од автобусот и да влезат на првата врата за момчето да може слободно да влезе на втората, а притоа го коментирал и нивното некултурно однесување.

„Дури кога дојдов дома се сетив што направив. Помислив дека ќе имам проблеми на работа поради сè што им кажав на патниците. Не можев против себе, нивното однесување ме извади од такт. Ако не сакате да помогнете, не одмагнувајте. Лицата со инвалидитет треба да се рамноправни членови на општеството“, рекол Анте за „24 сата“.

Тој додал дека не очекувал позитивни реакции од јавноста, кои го поддржале неговото однесување. Иако овој потег се случил лани во август, тој на 1 февруари ќе ја добие наградата „Гордост на Хрватска”.

Текстот Возач ги исфрлил сите патници од автобус, оти не пуштиле инвалид да влезе прв е превземен од Reporter.mk.