(Вознемирувачо фото) Крвнички претепана активистката Моника: Татко ми е бездушник

Скопјанката Моника Конопова, активистката за легализација на марихуаната пред два часа на својот Твитер профил објави вознемирувачки фотографии од, како што вели таа, семејно насилство. Таа во твитот напиша:

„Пред два часа татко ми Стојан Ристески, неписмен бездушник и хроничен алкохоличар, се обиде да ме убие кога тргнав да одам во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава. Ми го скрши носот и ми ја измести вилицата“, напиша Моника на Твитер.

Извесно време се уште не се знаеше дали полицијата реагирала, но подоцна на социјалните мрежи се објави дека веќе е пренесена во болница.

Текстот (Вознемирувачо фото) Крвнички претепана активистката Моника: Татко ми е бездушник е превземен од Reporter.mk.