„Врба“ ќе има премиера во „Синеплекс“

Шестиот филм на Манчевски „Врба“ на 1 ноември ќе има премиера во „Синеплекс“ во Скопје. Проекцијата е во 19 часот. Филмот ја  следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Трите приказни, една средновековна, две современи, се огледуваат една во друга и се надополнуваат, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство.

Текстот „Врба“ ќе има премиера во „Синеплекс“ е превземен од Reporter.mk.