„Врба“ на Милчо Манчевски вечерва на МРТ

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Врба“, вечерва ќе ја има својата светска телевизиска премиера. Тој ќе се прикажува на МРТ1 во 22 часот, во рамките на циклусот #Седидома со Милчо.

Со ‘Врба’ се заокружува циклусот #Седидома со Милчо, во рамките на кој во изминатиов период на јавниот сервис се емитуваа филмови од целокупниот опус на Манчевски, со цел да се помогне акцијата на Владата во времето на вонредната состојба поради коронавирусот“, целат од продукцијата.

Врба“ е шестиот филм на Манчевски, кој беше промовиран пред околу пола година. Филмот ја имаше светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим, учествуваше на неколку фестивали, а требаше да има премиера во САД, но сите активности беа прекинати поради пандемијата на коронавирусот.

Текстот „Врба“ на Милчо Манчевски вечерва на МРТ е превземен од Reporter.mk.