За викендот тропски горештини

Викендов не очекува пораст на дневните температури до 37 степени и сончево и топло време, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, а дневните од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува осум.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Најтопло ќе биде за викендот, со утрински температури од 12 до 21 степен, а дневните температури ќе се движат од 28 до 37 степени. Од недела попладне и во следните денови на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Текстот За викендот тропски горештини е превземен од Reporter.mk.